„Не се чувствувам виновен“. Вака на денешното судско рочиште се изјасни водителот Миленко Неделковски на кој му се суди за ширење на говор на омраза.

Тој кривично се гони за ширење расистички и ксенофобичен материјал, во врска со неговиот коментар на социјалната мрежа Фејсбук каде се ситеше на пожарите во Aтика, Грција.

Обвинителот изведе неколку материјални докази, односно написи од медиуми, а еден доказ кој е видео материјал ќе се гледа на наредното рочиште, бидејќи во моментот во судница нема техничка можност.

Адвокатот на Неделковски побара наредното судско рочиште да се снима аудио и визуелно.

Против Неделковски е поднесен обвинителен предлог и му се заканува казна затвор од една до пет години.

Фејсбук статусот поради кој е му е поднесено обвинението, предизвика осуда во јавноста поради неговата нечовечност и немање емпатија за жртвите во Атика.

Наредното рочиште е закажано за 22 февруари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.