Одбраната на обвинетите во случајот „ТНТ“ не се откажуваат од изземање на обвинителот Бурим Рустеми.

Адвокатот Мерџан Даути за „Република“ потврди дека најпрво ќе поднесе преставка до Судскиот совет а потоа и барање до Јавниот обвинител Љубомир Јовески за изземање на Рустеми.

Кога најавив дека барам изземање на обвинителот, судијата Ставрев требаше да го прекине денешното рочиште. Затоа ќе реагирам до Јавното обвинителство тој да биде изземен од овој случај, објаснува Даути.

Одбраната реагира затоа што Рустеми денеска неразбирливо ги читаше доказите , и тоа само насловите и никој освен тој самиот не можеше да слушне што говори.

Исто така беше побарано изведувањето на доказите во вид на СМС пораки и аудио разговори да се изведува во присуство на вешто лице кое денеска не беше присутно.

Бараме да ни се дадат сите докази и сите вештачења да се изведат од вешто лице. Исто така, бараме сите докази кои не се дел од поднесокот да се внесат директно во записнокот. Сите стручни докази да се изведат од техничко лице кое ќе го одреди судот,  објасни адвокатот Јовица Страшевски.

Адвокатите се убедени дека ваквата повреда од страна на Судот ќе падне на Апелација. Тие се повикуваат на одлуката на Апелација за случајот „Тенк“ каде писмените докази биле наместо нивната содржина биле читани само насловите иако законот бара ваквото изведедување на доказите да биде исклучиво во договор со странките. Таков договор меѓу адвокатите на обвинетите во „ТНТ“ и судот денеска немаше.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.