Таткото на Дејан Давидовски, обвинетиот за случувањата на 27 април, кој доби азил во Шведска поради политички прогон во земјава е уапсен, два дена откако Давидовски во јавување за „Инфомакс“ зборува за организаторите на „27 април“.

Како што пишува порталот, на овој начин кулминира притисокот од власта врз фамилијата на Давидовски, за кого Судот во Шведска одби екстрадиција потенцирајќи дека во Македонија му е загрозена безбедноста, негова и на неговата фамилија, при што истакна дека во случајот „27 април“ нема елементи на кривичното дело тероризам.

Во јавувањето за емисијата „Тешки муабети“ на „Инфомакс“, Давидовски зборува за настаните околу и по 27 април.

Една недела по 27 април, бевме со Нинџа излезени, ни се јавија дојди во гаража, накај 2 саат, таму исто ги видов Зврлевски, Никола Бошковски, се качија они горе, ја останав доле. После Нинџа дојде, вика понуди ми даваат за Кољо да се пријавел, ќе го осуделе на минимално, на девет месеци. Имаше пазарење, за на крај да си лежат тие што не треба – вели Давидовски.

Тој потенцира дека за се има докази и видео записи.

Ќе дојде крајот, има доволно информации, доволно снимки, се ближиме кон целта. Имам за сѐ и видео и аудио записи за се имам. и тие шо се правеа дека не знаеле дека не се познавале еден со друг, се има – вели Давидовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.