Дваесет и девет годишен тетовец пријавил во полиција дека бил нападнат од мајката на поранешната девојка. Според пријавеното, нападот се случил во училиште каде работел.

Вчера 28 септември во 21 часот и 10 минути, И.Ш.(29) од Тетово пријавил дека околу 20 часот и 40 минути, додека бил на работно место во тетовско основно училиште, физички бил нападнат од 55-годишната тетовка Л.Ј., со чија ќерка претходно биле во љубовна врска, информира денеска СВР Тетово.

Тетовската полиција презема мерки за расчистување и документирање а случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.