Наставник и 15-годишен ученик се степале во училиште на улицата Фуштанска во училиштето Крсте Петков Мисирков во скопската населба Ченто.

Како што информираат од МВР настанот се случил пред два дена и го пријавил таткото на ученикот.

Според пријавеното, на физичката пресметка претходела расправија.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.