Дестегодишно дете имало потреба од лекарска помош, откако истото било удрено со дрвен предмет од наставничка од с. Челопек.

„На 08.02.2019 година во 11,00 во Полициското одделение Жеровјане С.З.(53) од с.Челопек пријавил дека на 07.02.2019 година околу 09,30 часот неговиот 10 годишен син додека бил на час по математика од страна на наставничката Х.З. од с.Челопек бил удрен со дрвен предмет по рацете. На детето му е укажана лекарска пмош во амбулантата во с.Челопек. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, велат од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.