41-годишен жител на Гостивар вчера бил уапсен откако неговата сестра пријавила дека со нож ја нападнал нејзе и нејзиниот малолетен син, соопшти полицијата.

На 27.11.2022 околу 04.20 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода М.Х.(41) од Гостивар, кој претходно бил пријавен од неговата 42-годишна сестра дека физички ја нападнал и повредил неа и нејзиниот малолетен син. Според пријавеното, М.Х. во нападот користел и остар предмет, велат од МВР.

Осомничениот е задржан во Полициската станица во Гостивар и по целосно документирање на случајот, ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.