Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 41-годишен гостиварец за кривично дело силување .

На 27 април осомничениот се обидел да изврши обљуба врз една жена, така што најпрвин влегол во нејзината куќа и побарал да му свари кафе. Откако го одбила, тој ја нападнал започнал да се соблекува и да ја допира. Во обид да ја совлада, ја удрил со тупаница по главата. Оштетената за цело време се спротивставувала и во еден момент успеала да се ослободи и да излезе во дворот. Таму наишол сведок, кој го спречил осомничениот во намерата, информираат од ОЈО Гостивар.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.