Седумнаесетгодишно момче им подлегна на повредите откако било избодено со нож. Како што соопштуваат за „Република“ од СВР-Скопје, настанот бил пријавен ноќва околу 00:35 часот.

На улицата „Февруарски поход“ започнала расправија од страна на неколку лица со А.Т. (18) кој бил во друштво со К.Д. (17), која продолжила и со физичка пресметка. Во еден момент А.Т. извадил нож и му нанел повреди на Н.Х. (17). Н.Х. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, каде починал, а А.Т. е пронајден и приведен во полициска станица.

Се работи на расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.