Едно лице е повредено откако утринава било нападнато и ограбено од две лица на улицата „Индустриска“ во Куманово.

Во 05.12 часот во СВР Куманово, вработена на бензинска пумпа на улица „Индустриска“ пријавила дека кај нив има повредено лице. Според пријавеното, во близина на бензинската пумпа С.П. бил физички нападнат од две лица, при што му одзеле пари и мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштува СВР Куманово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.