Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против Џ.А.(52) од с.Отишани, дебарско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

На 08.01.2021 од полициски службеници од ОВР Дебар Џ.А. била затекната на работно место, а требало во наведеното време да е во домашна изолација по решение издадено од Државен санитарен и здравствен инспекторат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.