Сопружници од дебарското село Могорче заработија кривични пријави за непочитување на здравстените прописи во време на пандемија со Ковид-19..

Тие наместо во изолација, која им била определена со решение, ја напуштиле државата.

-Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, Одделенето за внатрешни работи во Дебар поднесе кривична пријава против сопружниците С.Р.(66) и З.Р.(61), двајцата од дебарското село Могорче. За двајцата ДСЗ-подрачно одделение Струга, од 27.08.2020 за двајцата биле донесени решенија за изолација, но тие истото не го почитувале, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Додава дека пријавените следниот ден, на 28 август, ја напуштиле државата, со што постапиле спротивно на законските прописи за време на пандемија за заштита на граѓаните од Ковид-19.

Димоски, исто тка информираше дека во изминатото деноноќие, на подрачјето на ОВР Дебар ,односно општините Дебар и Центар Жупа, полициските службеници констатирале пет прекршоци за неносење лична заштита на лицето. Ним им се издадени прекршочни платни налози.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.