СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал до надлежното ОЈО поднесе кривична пријава против А.С. (23) од Скопје заради постоење основано сомнение дека пријавениот сторил кривично дело „Затајување” предвидено и казниво по чл.239 од КЗ.

А.С. како вработено лице во правно лице за приредување игри на среќа, на работна позиција „оператор”, во текот на октомври 2020 година, во повеќе наврати затаил парични средства кои му биле доверени во врска со неговата работа. Задржал за себе тикети и за нив не уплатил 95.000 денари, оставајќи ја благајната на уплатно-исплатното место во кусок, со што го оштетил правното лице во кое бил вработен за 95.000 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.