Наместо да седи дома поради изречена мерка лекување и изолација во домашни услови, 50-годишен жител М.С. на кумановско Лопате заминал за Австрија, информира полицијата.

Велешанец, пак, добил кривична пријава, бидејќи организирал свадба во дворот од неговата куќа.

СВР Велес поднесе кривична пријава против Р.Д.(41) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 08.05.2020, во периодот од 12.30 до 17.30 часот на улица Богдан Каракостев пријавениот, и покрај прописите донесени со Одлука на Влада, организирал свадба во дворот од куќата, каде биле присутни повеќе лица – информираат од МВР.

И ресенчанка со нејзината малолетна не ја почитувала самоизолација, што било контатирано кога полицајци отишле во контрола во нивниот дом.

Кривична пријава против А.М.(32) од Ресен, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „епостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 19.07.2020, при контрола од полициски службеници пријавената, заедно со нејзината малолетна ќерка, не биле затекнати во домот. Малолетничката на 19.06.2020 била тестирана од страна на Државен санитарен инспекторат и била позитивна на ковид-19, по што ѝ било издадено решение за изолација во домашни услови, сѐ до добивање на два последователни теста со негативен наод, а во моментот кога е извршена контролата таа немала добиено решение со кое престанува самоизолацијата – соопшти МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.