Очевидец на необичен настан во Струмица за редакцијата на „Струмица денес“ раскажува како вчера негов сограѓанин намерно се фрлил пред автомобил во движење, а потоа барал пари од возачот за наводната повреда на градите.

Откако возачот одбил да му ја даде сумата која ја бара, повикал полиција и пред нив почнал да глуми дека е многу повреден и му треба итно преглед во болница, но и на самиот преглед не е констатирано никакви повреди, а возачот на автомобилот поминал без никакви проблеми.

Според информациите на струмичкиот портал, ова не е прв ваков случај во граот, туку истата „несреќа“ се случила во близина на истото место пред два месеца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.