Намалување за три години добија обвинетите за убиството на Никола Саздовски – Саздо, од 19 на 16 години.

Оваа вест ја потврди и адвокатот на семејството на Саздо, Ванчо Шехтански кој на својот „Фејсбук“ напиша дека казната е намалена, и дека сега ќе следува Врховен.

Денеска извршителите на убиството на Никола Саздовски, од Апелациониот суд добиле намалување на казните од 19 на 16, оти биле превисоки??? Сега следува Врховен, напиша Шехтански.

За убиството на Саздо беа осудени Бесир Беља и Скендер Демири, додека третиот Јетон Љужа е недостапен.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.