Министерството за внатрешни работи соопшти детали за вчерашната сообраќајна несреќа на улицата „Скупи“.

Од МВР информираат дека приведено е едно лице по сообраќајката.

Околу 21.15 часот на ул.„Скупи“ во Скопје, додека двајца полициски службеници извршувале службени дејствија, обезбедувајќи претходно случена сообраќајна незгода меѓу две возила, едниот од нив бил удрен од патничко моторно возило „пежо“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(53) од Скопје, информираат од МВР.

Полицискиот службеник се здобил со повреди кои му биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје, а М.Ј. бил лишен од слобода и приведен во Полициската станица Карпош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.