Министерството за внатрешни работи, како што соопштуваат, во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот

Само на територијата на Чаир и Чучер Сандево изречени се вкупно 173 мерки, меѓу кои 33 за возење без возачка дозвола, 22 нерегистрирани возила, 2 за возење под дејство на алкохол, 18 санкции за неносење на заштитна маска и 98 останати прекршоци.

На територијата на град Скопје, пак, изречени се вкупно 380 мерки, меѓу кои 59 за возење без возачка дозвола, 39 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, 86 мерки за непрописно паркирани возила и 31 казна за неносење заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, велат од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.