На 29-ти април на подрачјето на Љуботен (Скопје) е пронајдено тело од маж изгорено. Телото, тоа што е останато од телото е маж во возраст од 20 до 35-36-40 години, обелоденува Маја, мајката на Пино Секондо кој долго време се води за исчезнат.

Нејзиниот статус го пренесуваме во продолжение:

Полицијата нé повика сите нас родители на исчезнатите за да оставиме ДНА (НДА). Мене на 2 мај ми се јавија ( после 3 дена) да ме повикаат да дадам ДНА (НДА). Јас сум моментално во Италија. Во сабота и недела каде што треба да ми земат ДНА (НДА) не работат. Се зима ДНА(НДА) само од понеделник до петок.

Сакам да го прашам Министерот за Внатрешни работи Господинот ОЛИВЕР СПАСОВСКИ како е можно во ваков кризен момент сабота и недела да не работат на случајот? Не зимаат ДНА (НДА), викенд си тераат? Им е гајле на нив како се осеќаме ние родителите од 29 ти април што си ги јадеме живците незнаејќи ништо и наместо да се направи КРИЗЕН ШТАБ они сабота и недела не работат!!! ПРВИ МАЈ не работат! Па Да! Така е! Па не се нивни деца во прашање. Да се работеше за нивни деца ќе се работеше 24/24 саати!!! 7 дена на 7!!! Ќе трчаа дење и ноќе #МВР СРАМ ДА ВИ È!!!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.