Ако во редовна постапка добивањето на дозвола за категоријата Б чини близу 500 евра, кандидатите плаќаат уште по стотици евра за неколкукратното полагање на градското возење, кое чини по 70 евра. Некои кандидати тврдат дека им била понудена можност да дадат мито за да поминат на прва, во спротивно мака ќе мачат.

Правничката Небије Заимовска во Утрински брифинг ја раскажа својата лична приказна.

Малтретирањата на кандидатите им се прават на „градска“. Мене и инструкторот психички ме спремаше дека од прв или втор пат нема да положам. Значи одиш на испит за да паднеш. Првпат ми се случува во животот такво нешто. Отидов трети пат и очекував да го поминам испитот. Но ни трети, ни четврти, ниту петти пат не поминав. Последниот пат осетив како комисијата ми кочи на дуплите педали. Мислам дека таа комисија е обучена на некои специфични „финти“, знаат точно каде да ги однесат и на кој начин да ги паѓаат кандидатите.

Таа вели дека во поднесокот до Обвинителството прво бара да се утврди психичко малтретирање.

Се обратив и во автошколата „Селика“, а газдарицата ми вели – да беше мој кандидат јас ти гарантирам дека ова ќе го решевме со втор, трет пат, но веќе е касно, барај си го чарето, јас не можам да те земам како кандидат кај мене. Кога ми рече „барај си го чарето“ мене не ми остана ништо друго и ја земав целата храброст и се обратив до „Алсат“, ги ставив на судење пред јавноста. Јас тој суд го имам добиено, тоа е света пресуда за мене, бидејќи има многу коментари кои само ја потврдуваат мојата изјава, вели Заимовска.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.