Преку затворена група на социјалната мрежа Телеграм со наслов „Јавна соба“, македонски средношколци споделуваат и коментираат на интимни фотографии и видеа на малолетни девојчиња од земјава, најчесто нивни врснички.

Радио МОФ објави дека реагирале средношколци кои пристапиле до групата, и појасниле дека дел од сликите кои се објавуваат и коментираат се преземени од отворени профили. Сепак, додаваат дел биле испратени преку приватни пораки, но потоа се нашле во „Јавна соба“ на Телеграм. Најголемиот дел им припаѓаат на малолетни девојчиња.

Ова е група во која се споделуваат фотографии од малолетни девојчиња, од 12, 13 години и малку поголеми. Фотографиите се преземени не само од отворени Инстаграм профили туку и од приватни пораки меѓу двајца соговорници ( девојчиња кои претходно испратиле приватни интимни фотографии до свои пријатели).
Во оваа група може да се пристапи со лажен профил, па во неа веројатно има и возрасни лица, напиша на својот фејсбук профил професорката Тамара Ќупева.

Неодамна медиумите известуваа за инстаграм-групата „Crazy.school.videos.mk“, која објавуваше видеа од македонски ученици кои намерно дивеат во училници и кршат училиштен инвентар. Таа набргу беше избришана, но не е познато дали е отстранета од самата социјална мрежа или админите сами ја избришале откако за неа објавија медиумите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.