Тетовската полиција го најде 17-годишното девојче кое беше пријавено од родителот дека се оддалечило од дома на 18 декември. Таа била пронајдена на улица во градот.

Вчеравечер околу 19 часот и 15 минути, на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ја пронашле 17-годишната жителка на тетовскa Палатица, која од нејзиниот татко на 18 декември годинава била пријавена дека се оддалечила од дома, информира СВР Тетово.

Нешто подоцна 17-годишната девојка му е предадена на родителот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.