Два автомобили изгореле вчера на улицата „Рузвелтова“ во Скопје.

На 22.09.2020 околу 03.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Франклин Рузвелт“ настанал пожар во патничко возило „фолксваген поло“, сопственост на Х.Х.(22) од Скопје и во патничко возило „тојота“,сопственост на А.Т.(68) од Скопје – информираа од полицијата.

Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.