Обвинителката Вилма Рускоска вечерва изјави дека за пратеничката Фросина Ременски се преземени мерки на претпазливост. Таа објасни дека за Ременски, како и за другите осомничени во проширената истрага од предметот Рекет, рече дека се барани само мерки за претпазливост: одземање на пасош, забрана за напуштање на престојувалиште, и еднаш неделно да се јавуваат во судот. Најави дека другите осомничени утре ќе дојдат да дадат исказ во судот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.