Вчеравечер околу 23.20 часот, на магистралниот пат Кичево – Гостивар, на Здуњска крстосница, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода А.Г.(31), од скопско Кондово, затоа што при негов и преглед на возилото „порше“, со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал, пронајден е кокаин.

А.Г. е задржан во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот и ќе биде поднесен соодветен поднесок

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.