На 14.10.2019 во 11.30 часот од страна на затворските служби во КПУ Идризово во СВР Скопје било пријавено дека околу 11.10 часот на ул. „Благоја Стефковски“ избегал затвореникот Ф.И. (37), кој тие го пренесувале од Клинички центар кон КПУ Идризово. МВР презема мерки за расчистување на случајот.

Како што претходно беше објавено, затвореникот успеал да им побегне на своите чувари кои го враќале од болница каде што бил на редовна здравствена проверка кога чуварите застанале да купат сендвичи. Имено, станува збор за затвореникот Фидан Исеини, кој издржувал затворска казна од 7 години и 7 месеци за повеќе кривични дела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.