Три автомобили изгореле вчера рано утрото на паркинг во скопската населба Аеродром, соопшти полицијата.
На 13.01.2022 во 01.50 часот било пријавено дека на подрачјето на Аеродром, на паркинг, настанал пожар во три патнички возила. Полициски службеници излегле на лице место и констатирале дека станува збор за патничките возила: „БМВ”, сопственост на Р.М.(47) од Скопје, „Форд Фиеста”, сопственост на Д.Ѓ.(67) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки, и „КИА”, со кумановски регистарски ознаки, сопственост на Д.Ј.(60) од Крива Паланка. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита, а повредени лица нема – се вели во полицискиот билтен.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.