На 30.07.2021 околу 19.30 часот на наплатна рампа Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар ги лишиле од слобода М.Л.(20), Х.Н.(18) и О.М.(21), сите од Скопје.

При преглед во патничко возило „фолксваген голф”, со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале лицата, биле пронајдени и одземени амфетамин, марихуана и дигитална вага со остатоци од амфетамин.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.