Од страна на косовското министерството за внатрешни работи во текот на минатата недела од слобода се лишени лицата Бесим Красничи Бесим и Фадил Точи кои се барани по потерница издадена од страна на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија за извршени тешки кривични дела, објави Наќе Чулев, министерот за внатрешнии работи.

Акцијата за приведување на двете лица е реализиранa во непосредба соработка и комуникација помеѓу ИНТЕРПОЛ во Приштина и полициските службеници од Министерството за внатрешни работи во нашата земја.

Согласно информациите со кои располагам понатамошната постапка за екстрадиција ја координира Министерството за правда.

Министерството за внатрешни и работи и понатаму ги презема мерки и активности за целосно и неселективно спроведување на законот, изјави Чулев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.