Тетовската полиција успеала да открие осомничен на кражба во локал во Јанчиште, откако бил снимен од камерата за видео надзор. Кражбата се случила ноќта меѓу петокот и саботата, а осомничениот во локалот влегол маскиран со чаршав.

– На 9 јануари во 8 часот, Д.С (30) од Јанчиште пријавил дека во објект кафе бар каде имало поставено и апарати за игри на среќа ноќта во период од 1:30 до 7:20 часот непознато лице извршило кражба во објектот. Прво отворил влезна врата, а потоа отворил еден од автоматите за игри на среќа. Од паричник поставен во апаратот одзел 67.140 денари, дел во евра и дел во денари, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Нешто подоцна околу 13 часот поради сомнение дека е извршител на кражбата приведен 45-годишно лице од истото село. Се преземаат мерки за расчистување на случајот

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.