На 24.09.2021 околу 12.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека при вршење ископ во фирма на ул.„Јадранска магистрала“ во Скопје била пронајдена неексплодирана граната.

Увид на местото извршиле екипа од СВР Скопје и од Дирекцијата за заштита и спасување и било констатирано дека станува збор за минофрлачка граната м-1913, која потекнува од Првата светска војна. Гранатата била безбедно подигната за понатамошна постапка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.