Вчеравечер околу 20.30 часот во Полициската станица Гостивар, од Медицински центар Гостивар било пријавено дека на излез од Гостивар, на магистралниот пат кон Тетово, со повреда од остар предмет на патот бил пронајден О.А.Х.(23) од Р.Турција, со регулиран престој во Гостивар.

Тој бил пренесен во Ургентен центар Гостивар за укажување на лекарска помош.

Како што сооштија од МВР, во 22.00 часот, во врска со настанот, поради сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ во Полициската станица Гостивар од слобода била лишена К.Д.(24) од Р.Турција, со привремено живеалиште во Гостивар.

По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.