На девојка ѝ се запалил автомобилот во движење, со повреди од пожарот итно пренесена на Клиника

Црна хроника 08.11.2019 / 15:07

Во СВР Скопје вчера во 23.55 часот било пријавено дека на булевар „Трета македонска бригада“ во Скопје настанал пожар во патничко моторно возило „форд фокус’’, со скопски регистарски ознаки, додека било во движење, управувано од Е.А.(22) од с.Горно Количани, скопско.

Притоа, Е.А. се здобила со повреди и била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза’’ за укажување на лекарска помош.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.