На четиринаестгодишното девојче од струшкото село Лабуништа кое утрово почина на пат кон Ургентниот центар во Скопје, му бил земен бруис за да се испита дали евентуално е позитивно на новиот ковид-19. Ова го соопшти директорот на болницата, Мухамед Асани.

Девојчето утрово било донесено во струшката болница во тешка здравствена состојба со повраќање, а претходно имала и температура.

Било препратено во Скопје, но по пат починала. Во ова струшко село имаше голем број на смртни случаи како последица на новиот вирус.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.