Приведени петмина полициски службеници од ГП Богородица се приведени поради сомнение за земање мито. Од МВР информираат дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР по добиени оперативни сознанија за незаконито постапување на полициски службеници од Полициска станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција презеде оперативно тактички мерки и дејствија.

Кај полициски службеници пронајдени и одземени се денарски и девизни парични средства во вкупен износ од 822 евра, како и алкохолни пијалоци. Полициските службеници М.М. (50), С.O.(36), Р.С. (41), M.K (37) и Д.Д (41) се лишени од слобода и задржани во СВР Струмица, по што во текот на денот заедно со доказниот материјал ќе бидат предадени на надлежниот јавен обвинител.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.