На автопатот Скопје-Велес изутрината околу три часот полициски службеници од Одделот за гранични работи и миграција во патничко моторно возило „крајслер“  пронашле 12 мигранти, на возраст од 23 до 48 години, од кои 11 од Бангладеш и еден од Пакистан.

Како што соопшти денеска МВР од страна на полицијата бил запрен „крајслер“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ф.И.(25), во кое сопатник бил малолетник, и двајцата од Радовиш.

При преглед на возилото биле пронајдени 12.те мигранти, по што Ф.И. и сопатникот биле приведени во Полициска станица Велес, а известен е и јавен обвинител.

По целосно документирање на случајот, против приведените ќе бидат поднесени соодветни поднесоци

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.