Министерството за внатрешни работи тврди дека жената кај која е утврдено присуство на корона вирус пред неколку дена била дојдена од Италија.

МВР ја информира јавноста дека жената влегла во Република Македонија вчера (26.2.2020) во 02.33 часот на Граничниот премин Табановце, а остварен е контакт и со граничните полиции на Србија и Хрватска, од каде е потврдена рутата и тајмингот на движење. МВР апелира до медиумите да не пласираат дезинформации кои создаваат вознемиреност кај граѓаните, а ги повикуваме и новинарските здруженија да преземат соодветни активности за да се спречат злоупотребите кои како крајна цел имаат создавање на паника меѓу граѓаните“, велат од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.