На 16 октомври 2018 година во 12.07 часот Елвис Влади, држајанин на Албанија, влегува во просторија од управните служби на македонското Министерство за внатрешни работи, се фотографира, остава отпечаток од прст и утредента добива македонски пасош на име Селами Хоџа, oбјави „Мкд.мк

На 19 октомври истата година и на 4 јули наредната со македонскиот пасош излегува од Македонија. Во тоа време по него веќе има две меѓународни потерници. Во преминувањето на границите и покрај потерниците сигурно не му помогнале службениците на МВР осудени за издавање пасоши во аферата „Двојник“, која опозицијата ја нарече „Мафија.

Во март 2019 година, околу девет месеци по исчезнувањето на Елвис Влади, Обвинителството за сериозен криминал во Тирана доби копија од договор (3 април 2018 година) меѓу Елвис Влади и Бледар Фејзо, претставник на германска фирма БХФ консалтинг за набавка на парцела на плажата Семан во општина Фиер на албанското крајбрежје. Семан е неразвиена зона на крајбрежјето, загадена од локалната индустрија за нафта. По сведочењето на германскиот државјанин Карло Ризато дека тој му ги дал парите на Влади, обвинителството го преквалификува делото и го обвини Влади за „непријавување на пари на граница при влез во Албанија”-пишува „Мкд.мк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.