Во текот на вчерашниот ден (08.02.2023) во периодот од 08.00 до 12.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. При контролата, санкционирани се 197 пешаци од кои, 175 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин…

За време на контролата регистрирани се и 49 останати прекршоци.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници, велат од МВР.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.