Вчеравечер во 23.06 часот во СВР Скопје, М.Н. пријавила дека двор од куќа во с.Инџиково, скопско, при расправија на две лица со нејзиниот сопруг И.А.(49), едното од нив со пиштол пукало во него.

Според пријавеното, двете лица побарале пари од И.А., но кога им кажал дека нема пари, едното лице пукало кон него. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.