Во 17 часот на автопатот Скопје – Тетово, кај село Ласкарци, скопско, автобус сопственост на „Дурмо турс“со гостиварски регистарски ознаки, управуван од 49-годишниот М.Т. од Гостивар излетал од патот, се превртел и паднал на регионалниот пат Скопје – Тетово.

Од здобиените повреди починале 14 патници, а 39 се повредени и хоспитализирани во Градската општа болница „8-ми Септември“, комплекс клиники „Мајка Тереза“ и Медицински центар Тетово.

Увидот од страна на Јавен обвинител и СВР Скопје е во тек.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.