Четири лица се повредени во сообраќајната несреќа која се случи денеска околу 14 часот на патниот правец Струмица-Ново Село, во близина на крстосницата кон село Сачево кај Струмица. Двајца од нив со потешки повреди се пренесени на лекување во Клиничкиот центар во Скопје, а останатите двајца од кои еден е со потешки, а другиот со телесни повреди се на лекување во струмичката болница.

Како што соопшти портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска, во сообраќајката учествувале автомобили марка „Опел Астра“, управувано од К.М (73) од Струмица и „Пежо“, во кое се превезувало три члена на семејство од селото Сушица. Патниците од „Пежото“ се потешко повредени и двајца од нив се пренесени на лекување во Скопје, додека возачот на „Опел Астрата“ е повреден и е задржан на лекување во струмичката болница.

Во извлекувањето на повредените од автомобилите учествуваа и шест пожарникари на противпожарната единица во Струмица.

На местото на несреќата увид извршиле полицијата и обвинител од Јавното обвинителство во Струмица.

Поради сообраќајката, патот неколку часови беше затворен за сообраќај, а полицијата го насочуваше преку заобиколни патишта. По извршениот увид сообраќајот на патниот правец Струмица-Ново Село е нормализиран.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.