МВР соопшти дека денеска во околу 8 часот било пријавено дека во Скопје на раскрсницата од ул.„Јустинијан Први“ и „Славка Динкова“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило Цитроен „саксо“ со скопски регистарски ознаки управувано од З.Ф.(36) од Скопје и патничко моторно возило форд „фиеста“ со скопски регистарски ознаки управувано од А.М.(20) од Скопје, информираат од МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил З.Ф., а со телесни повреди се здобила А.М. констатирани во Комплексот клиники “Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје”, информираше полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.