58-годишниот М.П. е таксистот кој вчера беше пронајден починат во своето такси возило „Фиат Линеа“, а случајот во полиција го пријавил случаен минувач.

Според МВР таксито стоело на семафорите во правец Аеродром кон Центар, на лентата за вртење лево.

„Се работи за починато лице – таксист, М. П. род. 1961, Констатирана смрт без траги на насилство од лекар на ИМП. М.П. претходно имал проблеми со срцето“, велат од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.