Министерството за внатрешни работи денес информира за вчерашната несреќа во Куманово, а во која повредени беа 10 работници.

Од полицијата информираат дека случајот е пријавен околу 10:30 часот дека на објект во изградба на улицата „АВНОЈ“, при изведување на градежни работи биле повредени 10 работници, Д.Т., Л.Д., Р.В., Н.С., М.Д., Л.А, А.М., О.И., Н.Ј. и С.В.

Повредените лица биле пренесени во Општа болница Куманово, од кои на Д.Т., Л.Д., Р.В. и Н.С. им биле констатирани тешки телесни повреди, по што биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза’’- информираат од МВР.

Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.