Вчера попладне околу 17 часот на регионалниот пат Маврови Анови – Дебар пред Скудрински мост, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило Даф со полуприколка со дебарски регистарски ознаки, управувано од Б.С. (54) од Дебар и патничко моторно возило “Хјундаи“ со скопски регистарски ознаки управувано од И.С. (40) од Скопје, информираат од МВР.

Во незгодата сопатничката од возилото “Хјундаи“, М.С. (68) при транспотирање со медицинско возило кон болница им подлегнала на повредите. И.С. и уште еден сопатник-малолетник се здобиле со тешки телесни повреди и биле пренесени во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гостивар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.