Од Германија во Република Македонија е екстрадиран Ј.Љ. (21) од Скопје, осомничен дека сторил кривично дело „убиство“ односно на 29.06.2018 околу 17.35 часот во Скопје заедно со Б.Б. и С.Д. го нападнале Н.С., кој починал од нанесените повреди. За Ј.Љ. беше распишана меѓународна потерница на барање на ОЈО Скопје.

Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР презеде соодветни мерки и активности и со активна потрага по него, односно по негово лоцирање, разменети се информации со германската полиција, по што лицето беше приведено од германската полиција, а потоа и преземени соодветни мерки и активности за негово испорачување во Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.