Човечки труп е пронајден во текон на вчерашниот ден на регионален пат Дебар-Маврово. Идентитетот сѐ уште не е познат.

На 27.07.2021 околу 15.40 часот СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат Дебар-Маврово, на местото викано „Жировничко Анче“ бил пронајден човечки труп. По овластување на Јавен обвинител, увид извршила екипа од ОВР Гостивар и телото било дадено на обдукција – велат од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.