Трагично е што во несреќата има 13 загинати и 30-тина повредени. Автобусот на ‘Дурму турс’ кој патувал кон Тетово околу 16.45 часот изгубил контрола, излетал од патот и се превртел. Најмногу од повредените се пренесени на скопските клиники, двајца се во тетовската клиника, а еден повреден во гостиварската, изјави за МКД.мк Ангеловски.

Тој апелираше да не се шират шпекулации во врска со причините за несреќата и кажа дека веќе е разговарано со возачот на автобусот, а по завршување на увидот ќе се знаат повеќе детали.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.