Пожарот што избувна синоќа во зградата „папагал“ на булеварот „Климент Охридски“ во центарот на Скопје е целосно изгаснат.

МВР информира дека вчера во 20:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во стан сопственост на 55-годишната Л.П. избувнал пожар, предизвикан од плинска боца.

Од страна на Единицата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.